Малолетничка прегазена во Охрид, се здобила со тешки повреди

Малолетничка е тешко повредена откако била прегазена на улица во Охрид.

– На 25.09.2024 во 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(33) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, соопштија од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Треба да знаете
Последни објави