Трката за ГН на Португалија ќе се вози и во следните две сезони

Големата награда на Португалија ќе биде дел од следните две сезони во Мото ГП и ќе продолжи да се вози на патеката Алгарве во Портимао, објавија денеска организаторите.

Трката се врати во календарот на Мото ГП во 2020 година по осумгодишно отсуство и оттогаш се одржува на оваа патека.

Смртта на извршниот директор на трката Пауло Пинеиро, претходно оваа година, доведе до шпекулации дека ГН на Португалија ќе биде отстранета од калнедарот.

Потоа, португалскиот возач Мигел Оливеира, кој следната сезона ќе се натпреварува за тимот на Јамаха во Мото ГП, ја повика португалската Влада да ја поддржи трката.

Треба да знаете
Последни објави