Швајцарија: Нова дефиниција на силувањето, и вадењето на кондомот станува кривично дело

Во Швајцарија во јули годинава ќе стапи на сила нов кривичен закон со кој се смени дефиницијата за силување.

Законот е усвоен минатата година, а кантоните имаат рок до 1 јули да ги подготват своите власти за промените што тој ги носи, пренесува Swiss.info.

Досега силувањето беше дефинирано исклучиво како „вагинална пенетрација од маж без согласност на жената“, при што жената мораше да пружи отпор.

Но, со измените во законот тој предуслов повеќе не е неопходен и отсега секое пенетрација – било да е орално, вагинално или анално, без согласност на мажот или жената, ќе се смета за силување.

Новиот закон го казнува и „дискретното вадење кондом“ при сексуален однос или некористење кондом без знаење на партнерот, како и објавување експлицитни снимки без согласност на партнерот.

Треба да знаете
Последни објави