Македонија подобра и на вториот тест со Грција

Македонската машка ракометна репрезентација успешно го реши и вториот тест натпревар со Грција, кој овојпат беше од затворен карактер (29:28), пред заминувањето на ЕП-2024 во Германија. Вчерашниот дуел кој се играше со присуство на гледачи во СЦ „Борис Трајковски“, Македонија го доби со 33:30.

Македонија на ЕП ќе стартува на 10 јануари во Дизелдорф, против Франција. Ова ќе биде прв ракометен натпреварот кој ќе се игра на фудбалски стадион. По овој меч, „црвено-жолтите“ ќе играат уште два натпревари во групата и тоа во Берлин, на 14 јануари со селекцијата на домаќинот Германија, па на 16 јануари со Швајцарија.

Треба да знаете
Последни објави