Елмас ќе учи забрзано германски оти не разбира што зборува тренерот

Македонскиот фудбалски репрезентативец , Елиф Елмас со новиот тим бундеслигашот Лајпциг одработи неколку тренинзи на мини-подготовките во Шпанија. Во аклиматизацијата на новата средина засега бариера му се јазикот. -Лајпциг игра побрз фудбал од Наполи, како што и во Бундеслигата се игра побрз и поконкретен фудбал отколку во Италија. Се обидувам да учам најбрзо што можам и да бидам подготвен за продолжението во Бундеслигата. Не ми е баш лесно, бидејќи не го разбирам тренерот, кој зборува на германски, но се надевам дека брзо ќе ја надминам оваа фаза. Во Наполи бев пет години и ми беше потребна оваа промена. Лајпциг е голем клуб во Германија, ми се допаѓа проектот и начинот на кој работат со млади играчи како мене. Повредата која ја имав во декември веќе е зад мене, подготвен сум да му помогнам на тимот уште од стартот, изјави Елмас за клупскиот сајт.

Во зимскиот преоден рок Елмас пристигна во Лајпциг од редовите на актуелниот шампион во Серија А, Наполи, за трансфер вреден 25 милиони евра. Елмас задутре ќе ја има прва можност да заигра за новиот тим, на пријателски меч против швајцарски Сент Гален. Официјалното деби би можел да го има на 13 јануари, кога Лајпциг на домашен терен ќе го пречека тимот на Ајнтрахт Франфурт.

Треба да знаете
Последни објави