Ц.звезда имаше решение за Фенербахле и во Истанбул

Српскиот претставник во кошаркарската Евролига, Црвена звезда имаше решени за Фенербахче и во Истанбул, па ја почна годината со гостински триумф (85:76) во рамки на 18. коло. Првите десет минути не ветуваа ваков расплет. Фенерабахче ги доби 26:18, гостите кои сезонава во елитното натпреварување немаа победа надвор од Белград се вратија во резултаска игра до полувремето.

Фенербахче со цврста одбрана повторно стигна до предност од 51:40. Сепак, во последната минута од третата четвртина Ц. звезда израмни на 57:57. Српскиот тим ја продолжи серијата 11:0 и направи пресврт (61-57), по што турскиот гигант не успеа да се врати во мечот и загуби со 76:85. Боломбој беше најдобар кај „црвено-белите“ со 24 поени и шест скокови, додека Хејс постигна 21 поен, девет скокови и една асистенција за Фенербахче.

Победата за Црвена звезда е пред големото дерби со градскиот ривал Партизан, в четврток во „Штарк Арена“, во кое „црвено-белите“ ќе бидат домаќини. Кошаркарите на Жалгирис по подолга пауза дојдоа до шестата сезонска победа во Евролигата. Во дербито на дното кошаркарите од Литванија го совладаа тимот на Алба Берлина 77:71.

Треба да знаете
Последни објави