Вредноста на Биткоин достигна над 45.000 долари

Најголемата криптовалута во светот ја започна Новата година со голем раст, биткоинот достигна 21-месечен максимум од 45.922 американски долари, откако минатата година се зголеми за 156 отсто во своите најголеми годишни перформанси од 2020 година. Последен пат беше зголемен за 2,5 отсто на 45.318 долари, но се уште е далеку од својот историски максимум од 69.000 долари, кој го достигна во ноември 2021 година, пренесува Seebiz. Биткоин за првпат по април 2022 година надмина 45.000 долари. Во декември биткоин имаше вредност помеѓу 41.000 и 43.000 долари, а на почетокот на 2024 година наеднаш достигна 45.922 американски долари. Во моментов цената е малку падната и вредноста на биткоин е 45.351 долари. Почетокот на 2023 година биткоин го дочека со вредност која беше нешто над 16.000 долари.   И втората крипто валута по популарност и вредност – етер, забележа раст во 2023 година. Растот на етер е околу 91% од почетокот до крајот на 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави