Кинески студент пронајден жив во Америка откако сајбер-киднапери добиле пари

Кинескиот студент за размена, Каи Жуанг, бил пронајден жив во Америка откако неговите родители платиле околу 80.000 долари на таканаречените сајбер киднапери, соопшти полицијата.

Каи (17) бил пронајден хипотермичен во шатор во рурална Јута во неделата, соопшти полицијата на Ривердејл, пренесе Би-Би-Си.

Киднаперите го убедиле Каи дека неговото семејство во Кина е во опасност доколку не се согласи да биде фотографиран додека бил изолиран во руралните средини на Јута за да изгледа како да е киднапиран, пишува Њујор пост.

Имал ограничено количество храна и вода, ќебе и вреќа за спиење, како и неколку телефони.

Откако бил спасен, Каи побарал топол чизбургер и да разговара со своето семејство.

Каи е еден од многуте странски студенти кои неодамна беа мета на таканаречените сајбер киднапери во САД, истакнуваат од полицијата.

Полицијата верува дека Каи бил контролиран од киднаперите уште на 20 декември кога полицајците во Прово, Јута, го виделе како носи опрема за кампување.

Полицајците наводно организирале тој да биде вратен во Ривердејл каде што живеел со семејство-домаќин, поради грижа за неговата безбедност, но тој не спомнал никакви закани во тоа време.

Потоа, полицијата била контактирана од училиштето во кое тој учел на 28 декември, а исто така контактирале и неговите родители од Кина и им кажале на училишните службеници дека им било испратено барање за откуп и фотографија од киднапирањето на нивниот син.

Според полицијата, жртвите на сајбер-киднапирање се принудени да се изолираат, па дури и да се фотографираат за да изгледа дека се држени во заробеништво, и покрај фактот што киднаперите не биле присутни.

Наместо тоа, жртвата се следи преку Фејстајм или Скајп.

Во истрагата учествуваа ФБИ и Амбасадата на САД во Кина.

Треба да знаете
Последни објави