Алкараз: Во 2024 година сакам да го освојам олимпиското злато во Париз

Мојата цел во 2024 година е да бидам подобар отколку во 2023 и да постигнам подобри резултати, рече шпанскиот тенисер Карлос Алкараз пред заминувањето на австралиската турнеја на која го очекуваат настапи на АТП турнирот во Бризбејн и Австралија Опен во Мелбурн.

Алкараз, кој во моментов е второрангиран светски тенисер, својот најголем успех во 2023 го постигна со триумфот на Вимблдон, кога во финалето со совлада Србинот Новак Ѓоковиќ со 1-6, 7-6, 6-1, 3-6, 6-4, во дуел кој АТП го прогласи за тениски натпревар на годината.

За 20-годишниот Шпанец тоа беше втора грен – слем титула во кариерата по премиерната на Ју Ес Опен во 2022 година.

„Сакам да бидам подобар на грен – слем турнирите и да освојам еден или повеќе трофеи на нив. Грен – слем турнирите секогаш се главен фокус, но идната година се и Олимписките игри во Париз каде сакам да го освојам златниот медал. Кога би можел и би морал да избирам меѓу тие две работи секако би го избрал златото во Париз“, посочи Алкараз.

Треба да знаете
Последни објави