Шекеринска и Спасовски ќе се обратат на Академијата за женско лидерство

Во рамки на Регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство, во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“, ФЕС Дијалог Југоисточна Европа, денеска потпретседателката на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе дебатираат на панелот „Влијанието на анти-родовото движење на агендата на жените, мирот и безбедноста“.

На Академијата, која започна вчера, учествуваат жени лидерки од социјалдемократските партии и граѓански организации од Северна Македонија, Србија, Албанија, Грција, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. 
 
Целта на Академијата, како што наведуваат организаторите, е зајакнување на лидерските вештини кај жените социјалдемократки, поттикнување да направат правилен чекор и да го заземат своето место во заедниците кадешто се носат одлуките и политиките, затоа што резултатите покажуваат дека жените на клучни лидерски позиции работат многу помудро, подобро, со интегритет и емпатија правејќи позитивни промени за државата. 

Треба да знаете
Последни објави