Албанија утре ќе понуди 56 милиони евра државни обврзници

Албанското Министерство за финансии на утрешната аукција ќе понуди 6 милијарди леки (61,1 милиони долари/56,3 милиони евра) едногодишни и тримесечни државни обврзници.

-Понудата вклучува државни обврзници во вредност од 5 милијарди лека кои доспеваат на 4 јули 2024 година и државни обврзници од 1 милијарда леки со рок на достасување до 5 октомври 2023 година, според календарот на идните аукции на државни хартии од вредност објавен од Централната банка, јавија албанските медиуми.

На последната едногодишна аукција на државни обврзници одржана на 27 минатиот месец, Министерството за финансии продаде државни хартии од вредност во износ 7 милијарди лека. На последната аукција, пак, на тримесечни државни записи одржана на 16 мај, продадени беа должнички хартии од вредност од 1 милијарда лека.

Петгодишните обврзници се дел од проектот за референтни хартии од вредност, преземен од Министерството за финансии и Централна банка на Албанија, со цел развој на секундарниот пазар на хартии од вредност.

Во средината на минатиот месец Албанија преку обврзница на меѓународниот пазар се задолжи со 600 милиони евра.

Еврообврзницата е со рок на отплата од 5 години односно до 9 јуни 2028 година и со годишна каматна стапка од 5,9 отсто и долгорочна каматна стапка од 6,1 отсто. 

Треба да знаете
Последни објави