Три буриња полни со 2,7 милиони евра пронајдени кај член на балканскиот картел

Во Обвинителството за организиран криминал во Србија денеска почнаа сослушувањата на членовите на балканскиот клан кој беше разбиен од страна на полицијата.

Тие се осомничени дека во последните години организирале шверц на повеќе од седум тони кокаин во Европа.

На локации во Белград, Ниш, Лозница, Суботица и Зрењанин беа претресени станови и други простории што ги користеле осомничените, при што по тој повод беа пронајдени 2 снајперски пушки, 3 автоматски пушки, 1 автоматски пиштол, 4 пиштоли, 1 бомба, 4 придушувачи, 24 детонатор капсули и 5 направи за далечинско активирање детонатор, 13 пакувања пластичен експлозив, оптички нишан, неколку стотици парчиња муниција од различен калибар, перики и силиконски маски.

Притвор им е одреден на четири лица приведени во проширената истрага.

Покрај големата сума пари пронајдена во становите што ги користеле, на една од локациите во специјално изградена скриена површина биле пронајдени и три пластични буриња со повеќе од 2,7 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави