Демарш од Атина до Тирана за уапсен кандидат за градоначалник од грчкото малцинство

По веста дека албанските власти го уапсиле кандидатот за градоначалник на Химара од партијата на грчкото малцинство КЕАД Дионисис Фреди Белерис, Министерството за надворешни работи на Грција ќе упати демарш до албанското МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР соопштија дека по упатствата од министерот за надворешни работи Никос Дендиас, амбасадорката на Грција во Тирана Константина Камици, денеска ќе го упати демаршот.

Според грчките медиуми, Белери и неговите соработници синоќа биле уапсени пред ресторан, без конкретна причина.

Треба да знаете
Последни објави