Гол и асистенција на Трајковски за победа на Палермо

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски беше најдобар поединец на натпреварот во Палермо, кој домачините го добија со 2:1 против Лече, што е прва побед по два порази на тимот од Сицилија во дерби пресметка во Серија Б. Палермо со 45 бода е на второто место на табелата.

Трајковски постигна гол во четвртата минута, а му асистираше на Пушкаш во 52 минута за 2:0. До крајот гостите постигнаа само почесен погодок преку Табанели пред последниот судиски свиреж.

Ова за Трајковки беше 5 сезонски погодок и 9 асистенција.

https://youtu.be/gzTUHkcl7xw

https://youtu.be/qwHsI0wHJ2c

Треба да знаете
Последни објави