Четири медали за „Д Стронгест & РУТС БЏЏ” од Кисела Вода на државното првенство во џудо

Изминатиов викенд на државното првенство во џудо четворица членови на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ” од Кисела Вода се закитија со медали.

На ова првенство Даниела Алексовска и Ива Богдановска освоија златни медали и станаа државни прваци. Додека, бронзени медали освоија Дамјан Петровски и Ева Илиевска.

“Со малку џудо тренинзи, нашите фајтери го постигнаа максимумот во моментов. Ние како тим ќе продолжиме да остваруваме успеси во повеќе боречки спортови, сега во бџџ, мма, џудо, а полека влегуваме и во системот на натпревари во Муаи Таи & Кикбокс Федерацијата на Македонија”, изјави Ивица Алексовски, тренер на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ”.

Треба да знаете
Последни објави