Канада најави санкции против Саудијците обвинети за убиството на Кашоги

Канада најави санкции против 17 Саудијци кои се обвинети за убиството на новинарот Џамал Кашоги што се случи на 2 ноември во саудискиот конзулат во Истанбул.

„Со санкциите ќе им биде замрзнат имотот на тие поединци во Канада и ќе им биде забранет влез во Канада“, објави министерката за надворешни работи, Кристија Фриланд.

„Не сме задоволни од објаснувањето на Саудиска Арабија“, рекла министерката.

Канада со оваа одлука им се приклучи на Париз и Берлин кои пред една недела најавија низа санкции.

Канадскиот премиер Џастин Трудо веќе предупреди дека ќе има последици поради убиството, но додаде дека ќе биде исклучително тешко да го откаже договорот за продажба на канадско оружје на Саудиска Арабија, како што побараа здруженијата за заштита на човековите права.

Според тврдењата на неколку американски медиуми, ЦИА проценува дека зад убиството на Кашоги стои саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Седумнаесетте обвинети лица се или роднини на принцот или членови на тимот кој бил испратен во Истанбул да го убие Кашоги, гласен критичар на саудиската власт.

Треба да знаете
Последни објави