Милошоски до Заев: Единствена инвестиција од Фејсбук Ви е да собирате лајкови

Вработување на нови 50 луѓе во Владата за да ви ставаат лајкови на вашите постови е единстевната инвестиција што сте ја направиле од Фејсбук, му порача на премиерот Заев, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната седница за пратенички прашања.

Алудирајќи на најавената странска инвестиција од Фејсбук и Гугл во Македонија тој праша до каде е инвестицијата која лани ја најави премиерот? Заев одговори дека тие компании се посакувана инвестиција за секого како и стотици други компании кои размислуваат, но дека членството во НАТО има влијание врз целиот процес.

„Негувам надеж ако Македонија ги заокружи политичките процеси и тоа се потврди со уставните амандмани и стане извесно членството во ЕУ, сите заедно ќе помогнеме бордот на директори да донесат одлука за инвестиција“ рече Заев.

Милошоски , пак обвини дека уставните измени и членството во ЕУ и НАТО се користи како оправдување да се покрие, како што рече, неспособноста на Владата да донесе странски инвестиции.

Треба да знаете
Последни објави