Димитров на состанок за министри за надворешни работи на Западен Балкан во Будва

Делегација на Министерството за надворешни работи, предводена од министерот Никола Димитров, денес и утре во Будва ќе учествува на состанок на Министрите за надворешни работи на Западен Балкан, во организација на црногорското МНР.

Во рамки на предвидените две работни сесии на состанокот ќе се разменат мислења во врска со состојбата во процесот на ЕУ интеграција на земјите од Западен Балкан и обврските од Берлинскиот процес меѓу два самита (од Лондон 2018-та до Познан 2019-та).

На состанокот покрај учеството на министрите за надворешни работи од регионот, предвидено е и учество на претставници на Европската комисија, Европската служба за надворешни работи, Австрија, Полска, Обединетото Кралство и Советот за регионална соработка.

Треба да знаете
Последни објави