10 работи за кои не треба никогаш да се извинувате

Пристојно е да се извините кога ќе направите грешка или некого навредите, намерно или ненамерно.

Многу луѓе се извинуваат и кога е тоа потполно непотребно и на тој начин им даваат прилика на другите да бидат во право иако не се и да ја злоупотребат таа позиција.

Ова се ситуации и причини за кои не треба да се извинувате и да давате оправдувања, бидејќи не сте направиле ништо погрешно или навредливо:

1. Ако некој се удри во вас, иако сте се тргнале од патот.

2. Ако ви треба време да размислите пред да донесете важна одлука.

3. Ако не им се допаѓа тоа што сте го зготвиле.

4. Поради вашиот изглед.

5. Бидејќи ви треба време за себе.

6. Бидејќи не се согласувате со нечие мислење.

7. Бидејќи сте успешни.

8. Бидејќи сте се расплакале.

9. Бидејќи сте биле искрени.

10. Бидејќи сакате некого.

Треба да знаете
Последни објави