Поплавена гробницата на Џеј Рамадановски, останките преместени во нова, до гробот на Шабан Шаулиќ

Посмртните останки на пејачот Џеј Рамадановски се преместени од гробницата каде беше погребан во друго гробно место поради со согласност на семејството. Гробното место во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта, каде што во 2020 година беше погребан Рамнадановски е поплавено.Гробницата во која беше закопан Џеј мора да се реновира, па сега неговото тело ќе биде преместено зад гробот на Шабан Шаулиќ во алејата на заслужни граѓани во Белград.

Ова за српските медиуми го потврди и менаџерката на починатиот пејач, Андријана Томаниќ.

„Течеше некоја вода, па мора да ја реновираат гробницата. Сега е близу до Мрка и Шабан. Ние и сакавме да биде на тоа место, но тогаш не можеше. Сега ќе биде сам во гробницата“, рекла Андријана.

За потсетување Џеј почина на 6 декември во 2020 година на 57 години. Тој почина во сон, од срце.

 

Треба да знаете
Последни објави