Детали од инцидентот: Тошиќ барал развод, Карлеуша не сакала па завршила во модринки

Пејачката Јелена Карлеуша е цела во модринки откако сопругот Душко Тошиќ ја удрил неколку пати за време на божиќниот ручек во нивниот дом, а на кој било присутно и семејството на пејачката, кои биле сведоци на настанот.

Според Информер, Тошиќ наводно побарал од сопругата формално да се разведат, но Карлеуша не сакала па потоа започнала драмата. Тој прво ја плукнал, а потоа ѝ удрил неколку шлаканици, па таа завршила со модринки.

Тоа го потврдија сите присутни кога дошла полицијата.

Поранешниот фудбалер во полиција потврдил дека имало кавга меѓу него и неговата сопруга, но рекол дека немало насилство. Како што открива изворот на Курир, Тошиќ на инспекторите им рекол дека е шокиран бидејќи Јелена пријавила такво нешто во полиција.

-Се каравме, шокиран сум, не разбирам што ми се случи, рекол Тошиќ кому полицијата во следните 48 часа му забранила да и се приближи на сопругата.

Исто така, обвинителството и наложило на полицијата да достави детален извештај, со сите изјави, а на пејачката и било предложено да оди на преглед и заедно со пријавата да достави лекарски извештај, по што ќе одлучи за понатамошните дејствија.

Да се потсетиме, ова не е прв пат Јелена да го пријави Душко во полиција.
Имено, пејачката пред две години изјави дека Тошиќ психички ја малтретирал и дека и ја свиткал раката, а тој сето тоа го негирал и рекол дека се расправале бидејќи имале несогласувања во бракот. Пејачката подоцна се предомислила и не сакала судски да го гони.

Треба да знаете
Последни објави