Лили Џејмс тврди дека секс сцените во „Пем и Томи“ се важни за приказната

Лили Џејмс инсистира дека сцените со див секс во „Пем и Томи“ биле суштински за приказната.

32-годишната актерка ја портретира Памела Андерсон во серијата на “Дизни плус“, а Себастијан Стен (39), го глуми нејзиниот поранешен сопруг, тапанарот на Motley Crue, Томи Ли.

Таа ги бранеше моментите во драмата означени со икс.

Весникот „Сан“ ја цитира Лили: „Навистина чувствувавме дека секс сцените треба да бидат дел од приказната и мораа да бидат од суштинско значење за сценариото, за напредокот на нивната врска, и поглед на она што се случило.“

Џејмс нагласи дека било големи актерски предизвик да ја портретира секс-бомбата од Baywatch, Памела.

„Таа беше славна Плејбој зајачица, голема ѕвезда и вистинска икона. Ова дефинитивно беше најголемиот актерски предизвик во мојот живот.“

Треба да знаете
Последни објави