Ник Кенон, кој треба да стане татко по осми пат, доби подарок автомат за кондоми

На Ник Кенон му испратија автомат за кондоми.

Презентерот на The Masked Singer , кој е татко на 10-годишните близнаци Марокан и Монро, четиригодишниот син Голден, 13-месечната ќерка Квин и седуммесечните близнаци Зион и Зилион, минатата недела потврди дека ќе стане татко на уште едно бебе, овој пат со моделот Бри Тизи.

И сега, во знак на признавање на плодноста на 41-годишната ѕвезда, Ник доби ран подарок за Денот на вљубените, осмислен да го спречи во зачнување на деца.

Споделувајќи фотографија од машината, украсена со голема црвена панделка и наполнета со Магнум-кондоми, тој напиша на Инстаграм: „Изгледа некој штотуку ми испрати ран подарок за Денот на вљубените! Автомат полн со магнуми“.

Ник во октомври откри дека „го продолжува својот целибат“ по препорака од неговиот психијатар. „Имам доволно деца, доволно зафрканции. Не тврдам дека сум совршен, ама ги сакам сите мои деца,“ рече тој тогаш.

Треба да знаете
Последни објави