Мицкоски за Божиќ: На граѓаните им посакувам здравје и среќа, сето останато заедно ќе го направиме, затоа што само зеадно можеме да ги победиме предизвиците во 2022

Ќе ми дозволите да им го честитам на сите православни хистијани, Христовото раѓање – Божиќ, исто така ја користам оваа прилика да го честитам и вчерашниот голем христијански празник Бадник, да им посакам здравје и среќа, љубов, хармонија во нивните семејства, останатото заедно ќе го направиме со народот на Македонија.
Исто така ќе ми дозволите и на останатите граѓани кои не се од христијанска православна вероисповест да им посакам здравје, бериќет, среќа и хармонија во нивните домови, бидејќи ќе ни треба затоа што сите заедно сме појаки и затоа што само сите заедно можеме да ги победиме предизвиците во 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави