Search

Груевски задоцни 8 минути, судијката Кацарска го опомена – се одложи судењето за Тенк

Груевски задоцни 8 минути, судијката Кацарска го опомена

Поранешниот премиер Никола Груевски задоцни осум минути на првото судско рочиште за случајот „Тенк“, кој се однесува на набавката на луксузниот „мерцедес“.  Груевски дојде во судницата кога снимателите направија инсерти. Судијката Добрила Кацарска го опомена да доаѓа на време.

Судењето го следат ОБСЕ, новинари и невладиниот сектор. Расправата се снима визуелно и тонски.

Судењето за набавката на луксузниот мерцедес од 600.000 евра, за кој на обвинителна клупа седнаа и екс премиерот Никола Груевски и екс министеркста Гордана Јанкулоска се одложи, бидејќи обвинетиот Ѓоко Поповски во текот на вчерашниот ден ангажирал нов адвокат.

Адвокатот на Поповски, Богољуб Софорониевски побара одложување на главната расправа за да има време да се запознае со предметот и да ја подготви одбраната.

Претходно, напор за одлагање направи и адвокатот на Груевски Димитар Дангов, кој забележа дека рочиштето не можело истовремено и да се снима со камера и да се води записник од записничарка. Судијката Добрила Кацарска, сепак го одби неговото барање да го прифати она на адвокатот Софрониевски и наредните рочишта ги закажа за 12, 13 и 16 февруари.

Пред судијката да ги даде датумите за новите рочишта, адвокатот Боро Тасевски побара судиите кои ги водат предметите од СЈО да се кординираат меѓу себе и да направат размак меѓу рочиштата бидејќи на обвинетите и било многу напрно во рок од пет дена да имаат судења за три различни предмети.

– Еден ден размак меѓу судења е премалку за да се спреми квалитетна одбрана за волку големи предмети, односно обемни поради големиот број на докази – рече адвокатот Тасевски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави