Search

72-годишна скопјанка пријавила дека момчето ја нападнало затоа што му раскинала

Седумдесет и двегодишна скопјанка пријавила во полиција дека била нападната од нејзиното четири години помладо момче затоа што му раскинала.

Според информациите на МВР,  вчера во 10,15 часот во СВР-Скопје, Т.Д.(72) од Скопје пријавила дека претходниот ден во 20 часот во нејзиниот стан дошол В.Ц. (68), со кого претходно била во врска, и физички ја нападнал откако одбила да ја продолжат врската.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави