Search

Зеленски предупредува на „белоруски Донбас”

Претседателот на Украина Владимир Зеленски денеска предупреди на заканата од појава на „жежок Донбас” на територијата на Белорусија.

Реакцијата на Зеленски уследи по одлуката на Минск за екстрадиција во Русија на 32 руски државјани претходно приведени на белоруска територија. Според него, последиците од ова „ќе бидат трагични”

„Не дај Боже, белоруските власти да добијат нов жежок, Донбас на нивна територија, кој сите овие вагнеровци ги создаваат многу добро”, напиша украинскиот претседател на својот профил на Телеграм.

Вчера  Белорусија ослободи 32 руски државјани кои претходно беа приведени. Според руското јавно обвинителство, тие се ослободени во согласност со меѓународното право и националното законодавство на Русија и Белорусија, а во координација со обвинителствата на двете држави, јави ТАСС.

На почетокот на август, Русија испрати барање до Белорусија за нивно ослободување и враќање во земјата.

Русите беа уапсени на 29 јули во Минск и обвинети дека се платениците со задача да ја дестабилизираат земјата пред одржувањето на претседателските избори. Тогаш, блоруските власти  соопштија дека уапсиле 32 „руски борци” на приватна вооружена група Вагнер, позната како блиска до Кремљ, осомничени за „дестабилизација” на земјата пред претседателските избори. 

Треба да знаете
Последни објави