Search

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно ширење на пожарот во пристаништето во Бејрут. Фотографијата е направена пред магацинот 12 во пристаништето во Бејрут, само неколку моменти пред експлозијата на амониум нитрат.

На фотографијата, чија автентичност е потврдена од „Дејли меил“, се прикажани пожарникарите пред масивната метална магацинска врата на која пишува „влез 12“ и на која има предупредување за опасни хемикалии.

Гувернерот на Бејрут рече дека екипата на пожарникарите кои биле во пристаништето исчезнала по експлозијата.Лицето коешто ги фотографило пожарникарите починало, а фотографијата е пронајдена во мобилниот телефон на жртвата. Фотографијата кружи по Твитер, каде многумина им одаваат почит на загинатите пожарникари.

Треба да знаете
Последни објави