Search

Тошевски ја засили Тирана

Македонскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Тошевски (26 години) потпиша двегодишен договор со албанскиот прволигаш Тирана, со што се потврдија најавите за негово заминување од редовите на најтрофејниот клуб на домашната сцена Вардар, каде владее неизвесност дали ќе се појави спонзор и со колку пари би го финасирал во новата сезона.

Тошевски игра на повеќе позиции во одбраната, пред се крај десната аут линија каде што беше најчесто во „црвено-црниот“ дрес минатата сезона. Во Тирана доаѓа како големо засилување од кое се очекува многу, пред сѐ во квалификациите за Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави