Search

Лекарска помош на Трауматологија побарале 65 пациенти

Лекарска помош на Трауматологија побарале 65 пациенти

На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар во Скопје во текот на вчерашниот ден и ноќта лекарска помош побарале 63 пациенти.

Од нив, седум се хоспитализирани и тоа четворица на неврохирургија и по еден пациент на трауматологија, пластична хирургија и дигестивна хирургија.

Директорот на ТОАРИЛУЦ, доктор Илир Хасани изјави дека пациентот примен на трауматологија има скршеница на бутната коска здобиена во сообраќајна незгода во Велес. Тој е примен утрово и врз него се врши оперативен зафат.

Од истата сообраќајна незгода повреден е уште еден пациент којшто е упатен на Клиниката за максилофацијална хирургија.

На неврохирургија примени се четворица пациенти од кои еден е со здобиена повреда во сообраќајна несреќа околу 20 часот. Вториот пациент е со повреди здобиени при пад во домот и врз него е извршен оперативен третман. Третиот пациент е примен како цереброваскуларен инзулт, а последниот со потрес на мозокот.

Двајца пациенти повредени во тепачка кои побарале лекарска помош се пуштени на домашно лекување, а уште еден пациент повреден во сообраќајна несреќа е пуштен на домашно лекување.

Во текот на вчерашниот ден на ТОАРИЛУЦ не се примени пациенти повредени од петарди или слични пиротехнички средства.

Треба да знаете
Последни објави