Search

63 годишен навивач на Сити се бори за живот откако беше претепан во Белгија

Навивач на Манчестер Сити се бори за живот по „кукавичкиот“ напад на навивачите на Клуб Бриж по синоќешната средбата во Бриж во Лигата на шампионите.

63-годишен поддржувач, кој е дел од групата поддржувачи на Сити наречена „Сина месечина Белгија“, беше нападнат на станица во близина на стадионот, по убедливата победа на англискиот тим од 1-5.

Британските медиуми пишуваат дека најпрво настанала вербална расправија поради тоа што навивачот носел шал од Манчестер Сити, а потоа ситуацијата ескалирала и нападнатиот навивач е во кома и се бори за својот живот.

Манчестер Сити одигра доминантен натпревар во Белгија и со убедливи 1-5 направи голем чекор до пласманот во осминафиналето на ЛШ.

Треба да знаете
Последни објави