Search

Здружението кое го донираше Ќосето должи 600.000 евра за донациите

Здружението кое го донираше Ќосето должи 600.000 евра за донациите

Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради на Ташко Јованов и должи на леарницата „РЖ Институт“ вкупно 600.000 евра за лиење на петте споменици кои ги донираше на Град Скопје, објави Телма.

Иако донирани пред четири години, лиењето на спомениците се уште не е платено, поради што леарницата по судски пар бара од Здружението наплата на долгот.

Меѓу спомениците се веќе отстранетиот на Андон Јанев Ќосето, на генерал Михајло Апостолски, кој е поставен кај клучката „Континентал“, потоа споменикот на Ѓорѓи Сугарев кај комплекост факултети. Донација на Здружението се и спомениците на Никола Петров Русински и на Пере Тошев поставени во близина на Универзитетската библиотека.

Треба да знаете
Последни објави