Search

Над 60 ученици се затруле со јаглероден диоксид

Најмалку 60 ученици од средно училиште во албанската област Голо Брдо се затруле со јаглероден диоксид.

Триесет и шест од нив се хоспитазрани во болниците во Пешкопеја и Булќиза, а тројца, кои биле во потешка здравствена состојба, се транспортирани во клиниката во Тирана.

Труењето било предизвикано од поставувањето нов котел од системот за парно греење на пелети, по што блокираниот оџак ги наполнил училниците со јаглероден диоксид.

Учениците биле на возраст од 16 до 18 години и имале симптоми на труење од чад, како што се болки во главата, повраќање и вртоглавица.

Властите велат дека претходно, без присуство на ученици, било извршено тестирање на новиот систем, па оттука труењето го опишаа како несреќен случај.

Треба да знаете
Последни објави