Search

„МЛАДИ СЕМЕЈСТВА, ДОЈДЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ СО НАС И ЌЕ ВИ ДАДЕМЕ 60.000 ЕВРА“

Малото швајцарско село Албинен има 240 жители, а доживува егзодус поради тоа што младите семејства се иселуваат.

На 30 ноември селото ќе гласа за политика на доселување, односно да им се понудат пари на сите оние што би се доселиле да живеат во него, најмалку една деценија.

Во последните три години од селото се иселиле три семејства, меѓу кои и осум деца, со тоа селското училиште немало за кого да работи, па се затворило.

Локалните жители бараат од властите да ги преземат работите во свои раце, па предлагаат да им се дадат пари на сите оние што би сакале да живеат таму. Жителите предлагаат да им се дадат по 20.000 евра на возрасна личност и 9.000 евра за секое дете.

За да се квалификуваат за добивање пари, членовите на семејството мора да бидат помлади од 45 години и мора да потпишат дека ќе живеат во селото најмалку 10 години. Недвижностите и земјиштетото што ќе ги купат во селото мора да вредат најмалку 170.000 евра и тоа мора да биде постојан дом, а не викендица. Парите ги добиваат неповратно, а мора да ги вратат единствено во случај ако го напуштат селото пред зададениот период од 10 години.

Треба да знаете
Последни објави