Search

Силниот земјотрес од 6,5 степени зема неколку жртви

Неколкумина загинаа во силниот земјотрес, со интензитет од 6,5 степени, според Рихтеровата скала, што денеска го погоди индонезискиот остров Јава.

Земјотресот предизвика големи материјални штети. Засега бројот на загинати не е познат.

Индонезиските власти издадоа предупредување за цунами за дел од островот Јава.

Епицентарот на земјотресот бил на 52 километри југозападно од градот Тасикмалаја, со длабочина од 92 километри.

Треба да знаете
Последни објави