February 3, 2023 21:41
Спорт

55 поени на Дејвис во победата на Лејкерси

Лос Анџелес Лејкерс полека почнува да наликува на тим кој може да се бори за поважни нешта во НБА лигата, а една од главните причини за тоа е фантастичната форма во која влезе Ентони Дејвис.

„Езерџиите“ стигнаа до осма победа на последните десет натпревари и продолжија да се искачуваат на табелата по очајниот старт на сезоната, пред се благодарение на Дејвис кој имаше монструозна партија против „волшебниците“.

Играчите на Вашингтон едноставно немаа одбрана за разиграниот Дејвис кој уфрли 55 поени и имаше 17 скокови, па во ситуацијата кога победникот беше решен во третата четвртина, гостите се опуштија и имаа мирна завршница.

Вашингтон го доби последниот период со 38:25, но тоа беше само за ублажување на поразот кој на крајот гласеше 119:130.

Леброн Џејмс го следеше својот најдобар соиграч и имаше важен придонес за триумфот со 29 поени, 8 скокови и 6 асистенции, додека во поразениот тим најдобар беше Порѕингис со 27 поени.

Дејвис на претходниот натпревар против Милвоки постигна 44 поени, а во последните девет настапи има просек од 35,3 поени. Неговиот максимум во кариерата беше 59 поени против Детроит во 2016 година.

НБА резултати:

Бруклин – Бостон 92:103
Детроит – Мемфис 112:122
Њујорк – Кливленд 92:81
Сакраменто – Чикаго 110:101
Вашингтон – ЛА Лејкерс 119:130
Портланд – Индијана 116:100