Search

ЦИА упати последен поздрав до покојниот некогашен претседател на САД, Џорџ Буш Постариот

Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА) денеска упати последен поздрав до покојниот некогашен претседател на САД, Џорџ Буш Постариот, единствениот директор на оваа агенција кој успеал да стигне до највисоката функција во Белата куќа.

Агенцијата АП пренесува дека актуелната директорка на ЦИА, Џина Хаспел, заедно со поранешните директори Џон Бренан и Џорџ Тенет, оддала почит во зградата на американскиот Конгрес на Капитол, каде што е изложен ковчегот со посмртните останки на Буш.

Буш, кој почина во петокот на 94-годишна возраст, беше единствен поранешен директор на ЦИА кој стана претседател на САД, поради што седиштето на оваа агенција во Ленгли, Вирџинија, од 1999 година го носи неговото име.

Почит на Буш денеска му оддадe и поранешниот началник на Генералштабот на американската војска, Колин Пауел, додека актуелниот американски претседател, Доналд Трамп, и неговата сопруга, Меланија, тоа го направија вчера.

Треба да знаете
Последни објави