October 26, 2021 00:50
Хроника

537 возачи санкционирани за пребрзо возење, 99 пијани! Продолжуваат и превентивните акции на МВР и РСБСП „Вози одморен!”

МВР и РСБСП продолжуваат со превентивните активности во рамки на кампањата „Вози одморен!”, а денеска, во пресрет на Илинден, беа спроведени активности во Прилеп . Пораките и советите кои МВР и РСБСП од Прилеп ги упатуваат до сите учесници во сообраќајот се пораки за совесно, одговорно и пред сѐ безбедно учество во сообраќајот за време на овој продолжен викенд, но и понатаму. Искуството и статистиката од минатите години покажуваат дека ова (јули/август) е најризичниот период од годината кога е во прашање безбедноста во патниот сообраќај. Интензитетот на сообраќајот повеќератно се зголемува, температурите се на највисоко ниво,а со тоа се зголемува и ризикот и опасностите во сообраќајот. „РСБСП ги потсетува возачите дека единствениот услов за безбедено одвивање на сообраќајот за време на продолжениот викенд и празничните денови е максимално да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се почитуваат правилата за ограничување на брзината и да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол. Само така ќе бидете сигурни дека безбедно и на време ќе пристигнете до саканата дестинација – изјави во Прилеп, Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП. МВР И РСБСП со совети по повод претстојниот продолжен викенд :

• Не се однесувајте агресивно во сообраќајот. Агресивното и нервозно учество во сообраќајот нема да ја намали гужвата. • Немојте да возите слалом, да пристигнувате на полна линија или да пристигнувате колона на возила. • Бидете фокусирани и концентрирани во сообраќајот и не користете мобилен телефон за време на управувањето со возилото. • Држете безбедно растојание помеѓу возилата. • Без разлика на кој начин учествувате во сообраќајот – возач, мотоциклист, велосипедист или пешак, најважен услов да пристигнете безбедно до саканата дестинација е да не учествувате во сообраќајот под дејство на алкохол и психотропни супстанции. • Возете одморени, со претходно испланирано патување и со редовни паузи за време на патувањето. „Сообраќајните правила и прописи важат за сите учесници во сообраќајот и сите треба максимално да ги почитуваат, прво заради заштита на сопствениот живот и сопственото здравје, а потоа заштита на животот и здравјето на сите останати учесници во сообраќајот.

Апелирам до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни, да возат внимателно и на тој начин да останат безбедни во сообраќајот. За оние кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, следуваат санкции. Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 537 возачи поради пребрзо возење, а од нив 60 на територија на СВР Битола. Синоќа пак, поради возење под дејство на алкохол санкционирани се 99 возачи, а само на територија на СВР Битола 45. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и сите кои се однесуваат спротивно на сообраќајните правила и прописи ќе бидат санкционирани. Целта е, секако, побезбеден сообраќај за сите –рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешниот настан во Прилеп. МВР и РСБСП на сите граѓани им го честитаат големиот празник – Илинден и им посакуваат безбедни патувања и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација. Возете одговорно и останете безбедни во сообраќајот !

Website https://kissanime.mx: Watch Fist of the North Star: The Shin Saga (Dub) kissanime Episode Full kissanime beastars

WCOStream: Hello Jadoo Special: The Little Mermaid anime episode Full online free at https://wcostream.cc we bare bears wcostream

Website https://aniwatch.pro: Watch We Never Learn!: Bokuben aniwatch Episode 13 watch anime online

Spiritpact Episode 20

Digi: https://www.digi.com/support/forum/user/animeflixnl

Docs google: https://docs.google.com/drawings/d/1buZI4vghUa0vV840-xmrPNyDyTZ6q7jSW7MgqOhLGX0/edit?usp=sharing