November 27, 2020 18:40
Магазин

53-годишниот милионер Џанлука Ваки и неговата 25-годишна девојка Шерон станаа родители

Џанлука Ваки и Шерон Фонсека станаа родители.

52-годишниот милионер и неговата 25-годишна девојка ѝ посакаа добредојде на ќеркичката Блу Џерусалема Ваки.

Парот ја објави среќната вест со фотографија на Instagram.

Часови пред породувањето, двојката ги забавуваше фановите со видео во кое танцуваше во болница.

Погледнете ги и фотографиите на парот од бебешката забава направена пред доаѓањето на нивното бебенце на овој свет.

Џанлука Ваки и Шерон ФонсекаЏанлука Ваки и Шерон ФонсекаЏанлука Ваки и Шерон ФонсекаЏанлука Ваки и Шерон Фонсека

Џанлука и Шерон објавија дека очекуваат дете во мај годинава.

Во текот на бременоста, тие стекнаа уште поголема популарност на социјалната мрежа за споделување фотографии и видеа. Благодарение на забавните видеа во кои ги покажува танцувачките вештини и одржаниот изглед, Џанлука досега го следат 18 милиони лица.

И мрежата од обожаватели на Шерон постојано расте и досега брои 3,3 милиони следбеници.

Џанлука Ваки и Шерон ФонсекаЏанлука Ваки и Шерон ФонсекаЏанлука Ваки и Шерон ФонсекаЏанлука Ваки и Шерон ФонсекаЏанлука Ваки и Шерон Фонсека