Search

50 имигранти преминаа во шпанската енклава Мелиља

Околу 200 имигранти се обиделе да ја преминат безбедносната ограда што ја дели шпанската енклава Мелиља од Мароко.

Локалната канцеларија на шпанската влада соопшти дека околу 50 мигранти успеале да ја преминат бариерата, додека другите 150 биле одбиени од страна на шпанските и мароканските граничари, објави АП.

Канцеларијата на владата соопшти дека еден мигрант ја скршил ногата, додека шест шпански полицајци биле повредени.

Мигрантите кои пристигнале на шпанската територија биле одведени во прифатниот центар, каде што можеле да бараат азил, додека властите започнале процедури за враќање во земјите на потекло.

Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 јануари до 15 јули во Мелиља пристигнале 2.397 мигранти по копнен пат.

Треба да знаете
Последни објави