Search

Автобус на гас од понеделник пробно ќе вози на линијата 5 во Скопје

Автобус на гас од понеделник пробно ќе вози на линијата 5 во Скопје

Од понеделник на линијата 5 пробно ќе вози автобус на гас. Автобусот мерцедес ќе вози низ Скопје два месеци и е со капацитет за 92 патници.

Градоначалникот Петре Шилегов кажа дека со воведување на овој автобус, како и оној на струја во градскиот превоз, Градот ќе има можност да добие информации каков превоз му треба на Скопје.

skopjemercedes.jpg

„Мора да го најдеме оптималното решение, треба да престанеме со носење на одлука без да се согледаат реалните потреби на градот. На Скопје му треба превоз кој нема да загадува. Овој автобусот е направен по последните технолошки трендови во оваа индустрија. Станува збор за енергетски ефикасен автобус, наменет исклучиво за јавен превоз, со намалена потрошувачка на гас. Ова се одлични можности кои ќе не збогатат со нови искуства за градот, што понатаму ќе можеме да ги користиме во планирањето на модернизацијата на јавниот градски превоз. Очекуваме во април да почне да сообраќа и автобусот на струја, а има интерес да добиеме на пробно користење еколошки автобуси и од други компании. Оваа година планираме да купиме 20-30 еко автобуси“, рече Шилегов, на потпишување на договорот за пробно користење на автобусот со „Мак Аутостар“.

Споредено со потрошувачката на старите дизел – автобуси, овој автобус ќе троши речиси 50 отсто помалку гориво.

Набавката на еден ваков автобус за градски превоз чини 220.000 евра а како што кажа претставниците на мерцедес вакви автобуси се користат во јавниот превоз во Лондон, Берлин, Париз, Виена, Мадрид, Букурешт.

Треба да знаете
Последни објави