Search

Ограбил 5 банки и казино со пиштол

Ограбил 5 банки и казино со пиштол

Разбојник од струшко Ливада од 25-ти ноември до вчера извршил вкупно 6 вооружени грабежи во југозападниот дел на Македонија, но на крај полицајците успеале да го фатат.

34-годишниот Ч.Д. вчера околу 14 часот со пиштол извршил разбојништво во експозитура на банка „Шпаркасе“ на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, соопшти МВР. Но бргу потоа, полицијата успеала да го лоцира и да го уапси со ограбените пари в раце.

-Ч.Д. е затекнат со најлонска црна вреќа со пари во рацете, црни очила, нараквици и еден пиштол, објави полицијата. Уапсениот признал дека за помалку од два и пол месеци извршил 6 вооружени грабежи.

Две експозитури ги ограбувал по двапати. Шпаркасе во Кичево и ТТК банка во Струга, според полициското соопштение ги ограбил двапати со оружје во рака. Ограбени биле и казиното Астра во Струга, како и експозитурата на Силк банка во Охрид.

Иако 6 пати сеел страв со пиштол и маскиранво три различни града, украл околу 20 илјади евра, односно 1.200.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави