Еве кои се 5-те најдобри видови на храна според експертите, кои ги прочистуваат и зајакнуваат белите дробови и успешно се борат и штитат од разни дишни заболувања.

1. Јаболко

Јаболките не само што ве држат подалеку од лекарите, туку и од вирусите. Ова се должи на фитохемикалиите кои ги содржат, а кои можат да го намалат воспалението и оксидативниот стрес. На овој начин, јаболката може да ја зајакне белодробната функција.

2. Зелени лисни зеленчуци

Лисните зеленчуци како спанаќот, руколата, кељот се полни со корисни хранливи влакна, минерали, антиоксиданти и витамини и се клучни во одржувањето на белите дробови во добра форма.

3. Зелен чај

Зелениот чај е богат со полифеноли и антиоксиданти, кои го поттиснуваат и спречуваат растот на канцерогените клетки во белите дробови. Редовното консумирање на зелен чај исто така го спречува развојот на хронични белодробни заболувања.

4. Лук

Лукот е познат по неговите антивоспалителни и антиоксидантни квалитетни својства и може да помогне во зашититување на белите дробови од оксидативен стрес. Според одредени истражувања, лукот исто така ги намалува и шансите од белодробен рак.

5. Лосос

Лососот е моќен извор на антиоксидантни омега-3 масни киселини и може да помогне во зајакнување на здравјето на белите дробови, а воедно голем плус е и неговиот одличен вкус.