Search

5 причини зошто мора почесто да јадете круши

Крушата е исклучително здраво есенско овошје, кое има стотина различни видови. Тие се одгледувале уште од пред 3000 години, а во време на францускиот крал Луј XIV биле симбол за луксуз.

Денес се користи за подготовка на солени и благи јадења, а поради природниот извор на фруктоза некои ја користат како шеќер во подготовка за десерти.

Покрај сè, јадете почесто круши, бидејќи изобилуваат со хранливи материи кои прават чудо за нашето тело.

1. Поттикнуваат варење

Крушата е богата со прехранбени влакна кои благонаклонето делуваат на целиот организам, особено за варењето. Таа ја подобрува работата на цревата, па секако консумирајте ја помеѓу оборците, во овошна салата, па дури и во солените јадења.

2. Ја заштитува работата на срцето

Ова есенско овошје е преполно со флавоноиди, кои шеќерта во крвта ја одржуваат стабилна, па нејзиото редовно консумирање се смета за добра превенција за борба против дијабетес тип 2.

3. Го зајакнува имунитетот

Крушата е богата со витамините Б и Ц, добар извор е на железо и калциум, калиум и бакар. Таа го зајакнува имунитетот на телото и ги ублажува процесите во организмот. Во кората се наоѓа моќен антиоксидант кверцетин кој ги спречува разните болести.

4. Спречува проблеми со видот

Морковот не е единствениот плод од природата кој спречува проблеми со видот. Крушата исто така е заштитник на овој орган која го намалува ризикот од макуларна дегенерација.

5. Помогнува во слабеењето

Во 100 грама круша се наоѓаат околу 80 калории, па таа припаѓа во групата на овошје со нешто повисока вредност на калории. Иако станува збор за слатко овошје, умереното консумирање се препорачува и кај луѓето кои држат диети или ја одржуваат својата тежина.

Треба да знаете
Последни објави