Search

Србија против членството на Косово во Интерпол

Во Дубаи во рамки на генералното собрание на Интерпол поќна гласањето за прием на Косово во членство на оваа меѓународна организација.

Само гласањето за ставање на Косово на дневен ред е овозможено откако претседателството во Интерпол го одби барањето на Србија и на уште пет држави-членки, собранието да го отстрани од дневниот ред изјаснувањето за членството на Косово.

Српската делегација предупреди дека се оди кон тоа, преку работата и правилата, да се најде меѓу членките на Интерпол.

Како што пренесуваат српските медиуми, делегатите се јавуваат за зборот и ја објаснуваат нивната одлука. Србија не го поддржува членстовото на Косово во „Интерпол“, а според тамошните медиуми во корист на Србија за зборот се јавиле Шпанија, Мароко, Кипар, Кина, Белорусија, Русија, Намибија, Венецуела, Суринам, Романија.

Гласањето за Косово биде ставено на дневен ред е овозможено откако претседателот на „Интерпол“ го отфрли барањето на Србија и петте земји-членки да собранието го отсрани од агендата на гласање членство на Косово.

Тогаш Србија во ваквите барања ја поддржаа Кина, Шпанија, Кипар, Аргентина и Суринам, додека, како што пишуваат српските меидуми „нашите традиционални пријатели Русите не се противат на барањето на Косово“.

Српската делегација, по сè што се случи во последните неколку денови и недели, предупредува дека се укажува на фактот дека Косово, преку ред и правила, ќе се најде меѓу членовите на „Интерпол“.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, претходно изјави дека постојат индиции да се збунат државите за тоа како да се гласа.

Досега, Косово аплицираше за членство во „Интерпол“ три пати, односно во 2010, 2015 и 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави