Search

Крадци украле 44 тони чоколада, вредна околу 400 илјади евра

Крадци украле 44 тони чоколада, вредна околу 400 илјади евра

На југот на Германија биле украдени два камиони со повеќе од 44 тони чоколада, соопшти германската полиција.

Според полицијата чоколадата вредела околу 400 илјади евра, а била украдена во петокот навечер од индустрискиот парк во Фрајбург.

Двата камиони биле пронајдени во близина на германско-француската граница. Од едниот камион не била извадена чоколадата, додека од вториот биле однесени две третини.

Возачите и крадците се уште не се пронајдени.

Треба да знаете
Последни објави