Search

Турските власти издадоа налози за апсење на 26 војници осомничени за поврзаност со ФЕТО

Турските власти денеска издадоа налози за апсење на 26 војници осомничени за поврзаност со организацијата ФЕТО, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Главното обвинителство во Анкара утрово ги издала наредбите за апсење на војниците кои служеле во командата на компнените сили. Во тек е операција во 14 области на земјата.

До сега се уапсени 20 војници, а полицијата ја продолжува потрагата по останатите шест осомничени.

Според турските власти, групата ФЕТО на Фетулах Ѓулен кој живее во САД е одговорна за обидот за преврат во Турција во 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави