January 26, 2021 20:13
Македонија

41 починати за само еден ден, а Филипче тера Твитер кампања и го брани Заев во внатрепартиски пресметки, оставка веднаш

41 починати од КОВИД 19 во само еден ден, а Фичипче наместо да се фати за работа тера кампања на Твитер и го брани Заев во внатрепартиски пресметки.

Доколку Филипче сака да го брани квислингот Заев во внатрепартиски пресметки и да си тера твитер кампања тоа може слободно да продолжи да го прави, но треба да си поднесе оставка веднаш. Не може на секој саат да умираат по двајца од КОВИД 19, а никој за тоа да не презема одговорност.

Нема оправдување затоа што Македонија е на врвот на починати од КОВИД 19 во Европа.

Луѓе умираат затоа што системот не функционира, а за тоа е одговорен Филипче. Со денови се чека за тестирање, а потоа уште неколку дена за да се добијат резултати. Болниците се преполни, внатре е хаос и владее неорганизираност.

Уште владее тагата за изгубениот живот на мајката на малата Михаела, која можеби ќе беше спасена, ако функционираше системот. Но системот не функционира и прашање е колку од овие 41 починати наши сограѓани ја имале истата судбина или можеби и полоша.

Граѓаните не го заслужуваат ова. Филипче мора да сфати дека тој е единствен виновник за лошата ситуација и да си даде оставка веднаш. Ниту една лоша шега, ниту видео со папагал нема да го смени фактот дека треба да си замине.

Watch Bleach (Dub) Episode 294 at KissAnime your name kissanime

Watch The Seven Deadly Sins Episode 16 (https://gogoanime.be/m/xga/ep-16) at website https://gogoanime.be. See more gogoanime dororo