Search

400 жители на Центар се ослободија од старите и опасни електронски уреди

400 жители на Центар се ослободија од старите и опасни електронски уреди

Жителите на општина Центар се ослободија од старите и дотраени електрички уреди и опрема. Во акцијата „Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов“, 400  граѓани се пријавија за учество во акцијата и ги донесоа на собирните пунктови старите телевизори, машини за перење, бојлери и мали уреди за домаќинство.

Секој од нив, доби ваучер од “Техномаркет“, во вредност од 100, 400 и 600 денари. Многумина се откажаа од ваучерите, а собраната сума ќе се искористи за набавка на нов уред, кој што ќе се донира на социјално загрозено семејство.

Акцијата е дел од континуиран проект, кој што две години се спроведува на територијата на Општина Центар, во соработка со урбаните заедници и колективниот постапувач “Нула отпад“ од Скопје.

На овој начин, општината ги исполнува законските надлежности согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и спроведува редовно организирано собирање на отпадот од својата територија.

Електричниот и електронскиот отпад иако навидум делуваат како нетоксичен отпад, нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и воопшто на квалитетот на животната средина.

Современиот начин на живот наметнува купување на нови електрични и електронски уреди, а со тоа исфлање на старите, дотраени уреди.

Треба да знаете
Последни објави