Search

400 санкционирани возачи во Скопје, од кои 65за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 400 санкции, меѓу кои 65 за пречекорување на дозволената брзина на движење,47технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 прекршоци од возачи кои поминале на затворен семафор, 28 санкции за некористење на сигурносен појас, 15 мотоциклисти, 51изречена мерка за непрописно паркирање,48 возилаподигнатисо„пајак“и 36 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави